Постови

Приказују се постови за септембар, 2017

Каков тип на маскара е идеален за вашите очи

Слика
Во потрага по вистинската маскара    Повеќето жени најверојатно ќе се сложат дека изборот на квалитетна маскара е од суштинско значење кога е убавината во прашање. Или барем тоа е ставот на повеќето козметички компании, ако како некаков индикатор го земеме бројниот избор нa маскари на пазарот.  Kако да избереме маскара која истовремено е природна и дава драматичен поглед? Експертите поткрепени од своето искуство и знаење, дадоа неколку примери, почнувајќи од тоа како треба да изгледа четкичката на секоја маскара и која е нејзината функција во зависност од тоа каков облик има, па сѐ до нејзина правилна примена и употреба. Еве неколку совети: Што е поважно формулата или дршката на четката ? И двете се подеднакво важни. Дебра Колман Нели, директор за истражувања и иновации за козметичката компанија Maybelline, вели дека маскарите се сублимат од формула и апликатор. Обликот на четката влијае на испораката на формулата и му овозможува на потрошувачот да ј...

Улична мода

Слика
Уште 20 уникатни модни изгледи од Њујоршката модна недела   Вистинска модна драма се случуваше на њујоршките улици за време на Модната недела Њујорк. Преку успешните модни изгледи на њујорчанки ги гледаме актуелните трендови, но и се инспирираме како се може да ги комбинираме модните парчиња.  Најубав дел од модните недели кои во овој период од годината се случуваат во светските метрополи е уличната мода. Уште еднаш њујорчанки покажаа што значи да се има стил, како да се комбинираат навидув невозможни комбинации од модни парчиња и секако, како да се биде елегантен.     Карираните модни парчиња ги гледаме насекаде и повеќе од сигурно е дека тие го најавуваат есенскиот хит на карирани модни комбинации. Од друга страна пак, неочекувано – во игра остануваат разголените стомачиња, додека трендот со разголени раменици е во нивна сенка.