Каков тип на маскара е идеален за вашите очи
Во потрага по вистинската маскара
Повеќето жени најверојатно ќе се сложат дека изборот на квалитетна
маскара е од суштинско значење кога е убавината во прашање. Или барем
тоа е ставот на повеќето козметички компании, ако како некаков индикатор
го земеме бројниот избор нa маскари на пазарот.
Kако да избереме маскара која истовремено е природна и дава драматичен поглед?
Експертите поткрепени од своето искуство и знаење, дадоа неколку
примери, почнувајќи од тоа како треба да изгледа четкичката на секоја
маскара и која е нејзината функција во зависност од тоа каков облик има,
па сѐ до нејзина правилна примена и употреба. Еве неколку совети:Што е поважно формулата или дршката на четката ?
И двете се подеднакво важни. Дебра Колман Нели, директор за истражувања и иновации за козметичката компанија Maybelline, вели дека маскарите се сублимат од формула и апликатор. Обликот на четката влијае на испораката на формулата и му овозможува на потрошувачот да ја открие и користи и најмалата маскара која треба да биде флексибилна и лесна за употреба. Постојат два вида четки за маскари. Традиционални и обични, и вториот вид на моделирани и модерни. И нема некоја разлика помеѓу нив. Шминкерот на L’Oreal, Били Б. (истиот кој учествуваше во „Проект писта“), ги советува жените да пробаат неколку различни форми и формули, за да можат на крај да го одберат оној тип на маскара кој им овозможува најдобар резултат.


Коментари