Во потрага по вистинската маскара Повеќето жени најверојатно ќе се сложат дека изборот на квалитетна маскара е од суштинско значење кога е убавината во прашање. Или барем тоа е ставот на повеќето козметички компании, ако како некаков индикатор го земеме бројниот избор нa маскари на пазарот. Kако да избереме маскара која истовремено е природна и дава драматичен поглед? Експертите поткрепени од своето искуство и знаење, дадоа неколку примери, почнувајќи од тоа како треба да изгледа четкичката на секоја маскара и која е нејзината функција во зависност од тоа каков облик има, па сѐ до нејзина правилна примена и употреба. Еве неколку совети: Што е поважно формулата или дршката на четката ? И двете се подеднакво важни. Дебра Колман Нели, директор за истражувања и иновации за козметичката компанија Maybelline, вели дека маскарите се сублимат од формула и апликатор. Обликот на четката влијае на испораката на формулата и му овозможува на потрошувачот да ј...
Коментари
Постави коментар